На аукции државата се задолжи за нови 47 милиони евра

Bez autora
Dec 05 2012

На три аукции на државни записи одржани вчера, Министерството за финансии се задолжи за 46,89 милиони евра. За тримесечните записи во висина од 820 милиони денари (13,33 милиони евра) камата е 3,9%. Беа понудени и купени и 1.826.040.000 денари (29,7 милиони евра) исто така тримесечни записи, но за нив каматната стапка изнесува 4%. За 6-месечните записи во висина од 159.200.000 денари (2,59 милиони евра) каматата изнесува 4,1%. Беа понудени и две тригодишни обврзници. Првата во висина од 50.000.000 денари (813.000 евра) е со купонска каматна стапка од 5,1%, а втората од 28.500.000 денари (463.000 евра) е исто така со камата од 5,1%. Интензивното задолжување на државата во овој период се случува поради достасувањето на издадените записи во претходниот период.

На аукции државата се задолжи за нови 47 милиони евраНа три аукции на државни записи одржани вчера, Министерството за финансии се задолжи за 46,89 милиони евра.

За тримесечните записи во висина од 820 милиони денари (13,33 милиони евра) камата е 3,9%. Беа понудени и купени и 1.826.040.000 денари (29,7 милиони евра) исто така тримесечни записи, но за нив каматната стапка изнесува 4%. За 6-месечните записи во висина од 159.200.000 денари (2,59 милиони евра) каматата изнесува 4,1%. Беа понудени и две тригодишни обврзници. Првата во висина од 50.000.000 денари (813.000 евра) е со купонска каматна стапка од 5,1%, а втората од 28.500.000 денари (463.000 евра) е исто така со камата од 5,1%.

Интензивното задолжување на државата во овој период се случува поради достасувањето на издадените записи во претходниот период.

Државните записи се главен извор на државата годинава за финансирање на буџетскиот дефицит кој се зголеми од 2,5% на 3,5% од БДП. Иако беше најавено дека недостигот на пари во Буџетот ќе се надополнува со заем од 250 милиони евра од Дојче банк, сепак Владата позајми од странство само 75 милиони евра.

Министерот за финансии. Зоран Ставрески најави ново задолжување во странство на почетокот на идната година кога со помош на Светска банка ќе се бараат околу 250 милиони евра од комерцијалните банки, со камата од околу 4,5%. Парите ќе се искористат за раздолжување на Владата кон приватните компании, но и за враќање на еврообврзницата од 175 милиони евра што достасува токму на почетокот на 2013 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik